Фудбалерите на Реал Мадрид го скршија мразот и ја забележаа првата победа во групната фаза во Лигата на Шампиони, откако на домашен терен со 3-2 (2-1) го совладаа Интер.

„Кралевите“ до сефте победата во ЛШ стигнаа во супер интересна пресметка со италијанскиот калчолигаш. Реал Мадрид со головите на Бензема и Серхио Рамос обезбеди водство 2-0. Интер одговори со гол на Мартинез и Перишиќ во второто полувреме. Пред крајот на средбата Реал Мадрид повторно поведе, стрелец на голот беше Родриго. Интер не најде пат до мрежата за трет гол и претрпе пораз.

Моќни победи во вечерашните мечеви извојуваа Ливерпул и Баерн Минхен, кои слевеа над Аталанта со 5-0 односно Салзбург 6-2.


  • Резултати:

Група А: Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 1-1, Салзбург – Баерн Минхен 2-6

Табела: Баерн Минхен 9 бодови, Атлетико Мадрид 4, Локомотив Москва 2, Салзбург 1,

 

Група Б: Шахтјор Доњецк – Борусија Менхенгладбах 0-6, Реал Мадрид – Интер 3-2

Табела: Борусија Менхенгладбах 5 бодови, Шахтјор Доњецк 4, Реал Мадрид 4, Интер 2,

 

Група Ц: Порто – Олимпик Марсеј 3-0, Манчестер Сити – Олимпијакос 3-0

Табела: Манчестер Сити 9 бодови, Порто 6, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 0

 

Група Д: Аталанта – Ливерпул 0-5, Митјиланд – Ајакс 1-2

Табела: Ливерпул 9, Аталанта 4, Ајакс 4, Митјиланд 0

OhridNews