“Сините“ од Лондон стигнаа до својот најголем клубски успех елиминирајќи го Ливерпул и обезбедувајќи пласман во финалето во Лигата на шампиони, кое се игра на 21 Мај во Москав.

Дополнителни 30 минути им беа потребни на избраниците на Грант конечно да успеат да ја поминат последната пречка, наречена Ливерпул.



Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1-1. Дрогба во првото , Торес во второто беа стрелци на головите. 


Во дополнителните минути, прво Лампард од пенал,потоа  по втор пат Дрогба го одведоа Челси на пристојан предност 3-1. Бабел ги направи возбудливи последните неколку минути, но “црвените“ немаа сили за уште еден подвиг.Конечни 3-2, севкупни 4-3 за Челси.


Во се` англиското финале на 21 Мај ќе играат Челси – Манчестер Јунајтед.

ohridnews