Неколку атрактивни пресметки се на повидок во првата елиминациска рунда во Лигата на Шампиони. По одиграните шест меча во групите во првиот шешир ќе се најдат (Тотенхем, Шалке, Манчестер Ј, Барселона, Баерн, Челси, Реал Мадрид и Шахтјор), домаќини во првите мечеви ќе бидат второпласираните ( Интер, Лион, Валенсија, Копенхаген, Рома, Марсеј, Милан и Арсенал).
Реприза на минатогодишното финале е можно уште во осминафиналето. Минатогодошниот освојувач Интер, ќе ја има и традцијата против себе, која вели дека ниту еден тим не успеал да ја одбрани титулата во ова еминентно натпреварување.
Данскиот Копемхаген кој е прва скандинавска земја во нокаут фазата е најпосакуван протвник меѓу првопласираните. Покрај Интер, од вториот ред своите противници ќе ги очекуваат седумкратниот освојувач Милан и англискиот Арсенал.
Ждрепката за осминафиналните двојки ќе биде на 17 декември, првите мечеви планирани се на 15 и 23 февруари, додека реванш средбите ќе се играат на 8 и 16 март.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com