Нероазурите изминатиот викенд го минаа славенички прославувајќи ја 100 годишнината од клубот. Италијанскиот шампион го враќа филмот назад во 1965 година. Тогаш во полуфиналето “црвените“ на Енфилд го поразија Интер со 3-1, но во Италија Интер славеше со 3:0, а подоцна и го освои трофејот. Тренерот на Интер Роберто Манчини вели дека на неговиот тим му е потребна чудесна вечер. Луѓето се сеќаваат на двобојот од 1965, бидејќи тоа била неверојтна ноќ кога Интер го надокади дефицитот кој се чинеше недостижен. Се надевам луѓето и по вечерашниот дуел ќе зборуваат со истиот восхит.
– Никогаш немам играно на „Џузепе Меаца“ и ова може да ми биде прв и последен пат. Сакаме да дадеме гол. Не смее да им дозволиме тие да ја контролираат играта, бидејќи тогаш би бил вистински пекол пред нашиот гол“, порачува Карагер.
Интер: Цезар, Маикон, Бурдисо, Киву, Занети, Фиго, Камбијасо, Станковиќ, Хименез, Ибрахимовиќ, Круз.
Ливерпул: Рејна, Финан, Карагер, Хипија, Аурелио, Жерар, Масчерано, Леива, Бабел, Кајт, Торес
Норвежанецот Том Хенинг е главен судија на мечот. Ќе му помагаат неговите сонародници Гир Холен и Ерик Рестард.