Македонските преставници во ракометна Европа, Вардар и Металург ги добија своите противници во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“ ќе имаат (не)возможна мисија бидејќи против себе на мегдан го имаат Европскиот првак, Хамбург.

Германскиот клуб минатата сезона за прв пат ја покори Европа и нема некоја богата ракометна историја. Тие прваци во германската Бундес лигата стануваат во 2011 година, а во 2007 освојуваат златен медал во ЕХФ купот


Иако се актуелни шампиони годинава учество во ЛШ изборија со играње на бараж средба по добивањето на вајлд карта.

Три пати (2004, 2006, 2009 година) се радувале на трофејот од супер Купот на Германија, а два пати на пехарот од „покалот“.

Сепак во вакви натпревари историјата не игра никаква улога. Хамбург има квалитет во имињата на Домагој Дувњак, Блаженко Лацковиќ, Јохан Калјехон и е   фаворит во мечот, но Вардар заедно со „комитите“ и тоа како можат да направат чудо во 1/8 финалето.

По пласманот на третата позиција во групата ракометарите на Металург го посакаа Колдинг за нивни противник во првата фаза од елиминациските натпревари.

За разлика од Хамбург, кој нема богата историја екипата на Колдинг има витрини полни со трофеи од домашниот шампионат, а не од Европските натпреварувања.

Колдинг во данското првенство пехарот го освојувал дури 12, а во Купот триумфирал седум пати. Последен трофеј на данците е во 2009-та година кога го покоруваат домашниот шампионат.

Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар со победите над Барселона и ПСЖ пред своите гледачи најавија дека нема фаворит кога се игра против нив на теренот.

Мх.П.