Очекувано, атмосферата е различна и поделени се ставовите помеѓу екипите на Ливерпул и Атлетико Мадрид после синоќешниот реванш натпревар на Енфилд во рамките од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Јорганџиите“ со пресврт од 2-0 до 3-2 стигнаа до победата и го разоружаа актуелниот шампион и бранител на титулата во ЛШ, Ливерпул.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп рече дека не го разбира тимот на Атлетико Мадрид во начинот на играта. Шпанците негуваат борбен стил, со многу прекини и физички контакт.
Не можам да ги разберам како играат таков фудбал. Тие можат да играат пристоен фудбал бидејќи имаат играчи од светската класа. Но чекаа, чекаа и од контри ни дадоа голови за победа и пласман понатаму. Разбирам дека сега изгледам како лош губитник, но мора да ги пофалам моите момци кои пружија голем напор против екипата каква што е Атлетико Мадрид. – рече Клоп.
Аргентинскиот стручњак Диего Симеоне не се осврна на тактиката, туку го испофали голманот Јан Облак кој имаше десеттина бравурозни интервенции.
Она што е Меси за Барселона, за нас е Облак. Сите се заслужни за успехот, но голманот со интервенциите ни даде голема сигурност и во моментите кога имавме негатива 2-0. – истакна Симеоне.
Покрај Атлетико Мадрид во 1/4 финалето пласман обезбеди Пари Сент Жермен кој во двомечот ја елиминираше Борусија Дортмунд.
OhridNews