Шампионот на Кипар, Омонија е противникот на Ренова во второто квалфикациско коло од Лигата на Шампиони. Ренова ќе гостува во првиот натпревар кој се игра на 13 или 14 јули, додека реваншот се игра седум дена подоцна во Скопје.

Екипата на Омонија е најуспешниот клуб во Кипар, од формирањето на клубот во 1948 година, 20 пати го освоиле првенството, 14 пати победиле во купот. Спортското друштво Омонија, покрај фудбалската секција уште има и кошаракарски, одбојкарски, футсал и атлески клуб.

На клупата на Омонија во периодот од 2002 од 2004 година седеше македоснкиот репрезентативец Тони Савески, во 2003 година под негово водство освоен беше шампионатот и кипарскиот супер куп.

Покрај Савески,уште еден македонец со успех ги бранел боите на Омонија.Влатко Грозадноски во периодот од 2004 до 2008 година во зелениот дрес одигра 71 натпревар постигнувајќи 9 гола. Во 2005 година ги освои купот и Суперкупот, додека во 2006/07 сезоната беше прогласен за најдобар странски млад играч.

М.П.