Натпреварот помеѓу екипите на Кил и Вардар во Лигата на Шампиони, вљубениците на ракометот во нашата земја ќе можат да го гледаат исклучиво на Арена ТВ. Дуелот во Германија започнува во 19 часот.

Во продолжение од сезоната, Националната телевизија во Македонија (МТВ) на својата програмата ќе ги пренесува само мечевите кои Вардар ќе ги игра во Скопје.

Во пресрет на средбата во „Шпаркасе“ салата, Кил е лидер на табелата со 16 бодови, додека Вардар шестопласиран во групата со скромни 9 поени.

OhridNews