Германскиот гигант Кил е новиот првак во ракометната Лига на Шампиони. “Зебрите“ до третата титула во најеминетното натпреварување стигнаа по триумфот во финалето над екипата на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид со 26-21 (13-10).


“Црвено белите“ рамноправен противник на Кил, беа во првата третина од мечот. После предноста од 9-8, и промашениот пенал на Лазаров “колата“ на Атлетико тргна надолу. До крајот на полувремето “зебрите“ стекнаа предност од три голови разлика 13-10.

Уморот во составот на шпанскиот стратег Душабаев беше видлив, германците предводени од октоподот Омејер (16 интервенции) од минута во минутa ја зголемуваа разликата. Што до крајот се покажа како недостижна за “црвено белите“.

Најпрецизен во составот на шампионот е Андерсон со седум погодоци, голема помош за Андерсон стигна од  Филип Јиха кој се “разбуди“ во вториот дел постигнувајќи шест голови. Капитенот на македонската репрезентација Лазаров мечот го заврши со пет голови.

Мх.П.