Mакедонскиот ракометен првак Металург во дерби средбата од петата рунда во Лигата на Шампионите го претрпе првиот пораз сезонава и тоа од полскиот Киелце (12-10) 23-21.

По фантастичните триесет минути, во кој на ракометарите на Металург им одеше се од раце. Вугринец погодуваше од секаде, полската одбрана немаше одговор за Ракчевиќ, а Станиќ дополнително ја загреваше атмосферата во преполната сала “Борис Трајковски“ со бравурозни интервенции.

Технички грешки и напади без завршница, сето ова му се случуваваше на Металург на стартот од вториот дел. Ракометарите на Киелце го искористија и со головите на Лијевски и Чупиќ го свртеа резултатот во нивна полза.

До крајот на мечот ракометарите на Металург имаа неколку прилики за резултатски приклучок, но голманот на гостите Шмал беше на висина на задачата и не дозволи враќање на македонскиот шампион.

Киелце и Металург за една седмица ќе се сретнат повторно во рамките од шестата рунда во Лигата на Шампиони.

Мх.П.