Ракометарите на Вардар, го претрпеа третиот пораз во фазата по групи во Лигата на Шампиони откако изгубија на гостувањето во Полска од Киелце со 35-25 (17-14).

Полскиот ракометен гигант максимално ја искористи играчката криза поради повреди во Вардар и забележа лесна и убедлива победа. На Вардар не му помогна ниту играта седум на шест и честата ротација во екипата.

Киелце на стартот од мечот поведе со 2-0 а веднаш потоа и со 4-1. Разликата од два три голови се влечеше до крајот на првиот дел кој заврши … во корист на домаќините.

Во второто полувреме, Киелце уфрли брзина погоре а Вардар немаше сила и квалитет да го прати брзиот чекор на полјаците. „Жолтите“ немилосрдно ги казнуваа грешките на нашите ракометари за убедливиот триумф 35-25.

Шанса за поправање на впечатокот Вардар ќе има на гостински терен против Брест Мешков на 23 декември.

OhridNews