Францускиот првак Пари Сент Жермен и англискиот првак Ливерпул им се придружија на Порто и Борусија Дортмунд во топ 8 во Лигата на Шампиони. „Светците“ во осминафиналето ја елиминираа Барселона со вкупен резултат 5-2, додека „црвените“ доминатно го прескокна Лајпциг со вкупни 4-0.
Поразот 4-1 на „Ноу Камп“ не остави траги кај Барселона која решително тргна по нова сензација. Сепак, први до водство стигнаа домаќините, кои во 31-та минута реализираа преку Килијан Мбапе од белата точка. Шест минути подоцна, Барселона, го најде патот до противничката мрежа. Лионел Меси со ефектен погодок израмни 1-1. Клучен момент на натпреварот беше третата минута од судиското продолжение, кога Меси не успеа да погоди од белата точка. Кејлор Навас го прочита ударот на Аргентинецот и успеа да му го одбрани пеналот. Во второто полувреме Барселона напаѓаше, но не успеа да го скрши отпорот на домаќините.
На вториот натпревар вечерва, Ливерпул со нова победа 2-0 над германски Лајпциг го завери пласманот во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. „Црвените“ сите дилеми околу патникот во топ 8 ги решија за само три минути, односно од 71-та до 74-та минута кога постигнаа два погодоци. Резултатот го отвори Мо Салах, а конечните 2-0 ги постави Садио Мане.
Реванш мечевите во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони продолжуваат следната недела.
OhridNews