Македонскиот претставник во Лигата на Шампионите, Силекс доживеа експресна елиминација во квалификациите, претрпувајќи убедлив пораз (4-0) од составот на Карабах.
Кратовчани во Баку отпатуваа со позитивни мисли, но на теренот се покажа дека тие не се недоволни. Првакот од Азербејџан апсолутно доминираше и мечот го заокружи со четири погодоци во мрежата на Силекс. Голеадата, домаќините ја отворија во 11 минута, а, потоа голови следуваа во 40-та, 51-та и 80-та минута.
За потсетување, сезонава во квалификациите за влез во фазата по групи во ЛШ се игра по еден натпревар, а, не во класичниот систем дома/гости. УЕФА на ваков потег се одлучи поради кризата предизвикана од вирусот ковид -19.
OhridNews