Бразилската ѕвезда Кака, четири месеци откако го направи четвртиот најскап светски трансфер во Реал Мадрид, вечерва на „Сантаго Бернабеу“ ќе биде централна фигура во пресметката на двата најтрофејни европски великани, „кралскиот клуб“ и Милан, кои заедно имаат 16 круни.
Кака летово мина од Милан во Реал за 65 милиони евра, за да ги спаси „росонерите“ од финансиската криза, по шест години во клубот, со кој освои и еден трофеј во ЛШ. Отсуството на Кристијано Роналдо поради повреда, дополнително му дава значење на Кака, затоа што сега сите од него ќе очекуваат спектакуларна игра со многу емоции против својот клуб.
– Првпат ќе играм против поранешен клуб. Ако постигнам гол нема да славам од почит кон Милан, но ќе дадам максимум за да постигнам гол – вели Кака.
Вечерва играат:
Група А: Бордо – Баерн, Јувентус – Макаби;
Група Б :ЦСКА Москва – Манчестер ј., Волфсбург – Бешикташ;
Група Ц: Реал М. – Милан, Цирих – О. Марсеј;
Група Д: Порто – Апоел, Челси – Атлетико М.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com