Репрезентативецот на Германија, Томас Милер нема да биде единствениот фудбалер кој ќе го пропушти првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Шампион на Енфилд против Ливерул. На Германецот во листата отсутни му се придружи столбот на одбраната Жером Боатенг и искусниот Френк Рибери, кој се уште не се знае дали ќе настапи.

Боатенг поради настинка го пропушти натпреварот со Аугзбург во петокот вечерта во Бундес лигата, а веројатно не го поминал последниот фитнес тест и затоа отпаднал од комбинација за мечот од 1/8 финалето. Настапот на Рибери е под знак прашалник. Тој останал во Минхен поради породувањето на неговата сопруга, а дали ќе му се приклучи на екипата денеска останува да видиме. Што се однесува до Милер, тој ја излежува суспензијата од два натпревари која ја доби за црвениот картон во дуелот со Ајакс.

Лидерот во англиската Премиер лига, Ливерпул нема вакви кадровски проблеми и со најдобриот состав ќе му се спротистави на германскиот гигант во една од најинтересните пресметки во 1/8 финалето. Натпреварот на програмата е утре со почеток во 21 часот.

OhridNews