Во седиштето на УЕФА, Нион денеска беа извлечени двојките за третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првите натпревари треба да се одиграат на 27 или 28 јули, а реваншите на 3 или 4 август.

Поуспешниот од дуелот меѓу македонскиот шампион Ренова и Омониа од Кипар игра со подобриот од натпреварот Салцбург (Австрија) – Торшван (Фарски острови).

ДВОЈКИ ЗА ТРЕТОТО КОЛО

Шампионска група:
Лиепајас Металуг/Спарта Прага – Интер Баки/Леч
Актобе/Олимпи Рустави – Х.Тел Авив/Жељезничар
Шериф/Динамо Тирана – Динамо Загреб/Копер
Литекс/Рудар – Биркиркара/Жилина
Левадиа/Дебрецин – Базел
АИК/Јеунес ЕШ – Линфилд/Росенборг
Партизан/Пјуник – Екранас/ХЈК
БАТЕ/ФХ – Копенхаген
Бохемијанс/ТНС – Андерлехт
Омонија/Ренова – Салцбург/ХБ

Нешампионска група:
Ајакс – Паок
Динамо Киев- Гент
Јанг Бојс – Фенербахче
Брага- Селтик
Униреа Урзицени – Зенит