Македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Вардар обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи на стариот континент.


Во реванш натпреварот од осминафиналето „црвено црните“ пред своите гледачи славеа убедливо со 31-20 (14-10) и ја надохнадија предноста на Висла Плоцк од шест голови од првиот натпревар.

Најголем допринос за враќањето на Вардар од работ од бездната и продолжување на на европската авантура имаат навивачите кои беа осми играч на домашниот состав.

Натпревар за паметење одиграа Сергеј Горбок (8 голови), Алекс Душабаев ( 9 голови), Игор Карачиќ (7 голови) и голманот Арпад Штербик, кој беше нерешлива енигма за гостинските ракометари со 47% успешност на голот.

Мх.П.