Со идентичен резултат (1-1), завршија мечевите Интер – Славија Прага и Лион – Зенит кои означија почеток на возбудувањата во новата сезона од Лигата на Шампиони.
Во двата дуели гостите поведуваа а домаќините беа тие кои бркаа негатива и на крајот успеаја да стигнат. Чешкиот претставник Славија Прага резултатот на Џузепе Меаца го отвори во 63-та минута преку Олајинка а Интер дури во судиското продолжение најде начин да го пробие бедемот. Стрелецот на погодок вреден еден бод беше Барела.
Зенит на гостувањето во Франција погодок за водство постигна пред финишот од првиот дел. Прецизен за русите беше Азмоун. На стартот од второто полувреме, домаќините со голот од пенал на Депај изедначија и се вратија во игра за победа. И покрај отворената игра двата состави не постигнаа втор погодок и мечот заврши со поделба на бодовите.
OhridNews