За актуелниот првак Интер или вицешампионот Баерн Минхен првата рунда од нок аут фазата ќе биде крај на одисејата во Лигата на Шампиони. Лани двата клуба беа страв и трепет во натпреварувањето, но ждрепката сезонава сакаше да се сретнат уште во 1/8 финалето.


Баварците имаат предност од 1-0 по првиот натпревар на Џузепе Меаца, и тоа благодарение на погодок на Марио Гомез во финишот на мечот. Луис ван Гал има проблем со стоперските места во одбраната, се очекува местата да ги пополнат Тимошчук и зимското засилување Луис Густаво, додека офанзивните задачи се резервирани за тандемот Робен – Рибери.


Интер на Алијанц Арената ќе игра не само за себе него и за честа на италијанскиот фудбал.  Со евентуалната елиминација на Интер за прв пат од формирањето на Лигата на Шампиони, Италија ќе нема преставник во 1/4 финалето. Дополителен притисок врз плеќите на нероаѕурите ќе биде традицијата, која вели дека ниту еден шампион не успеал да го одббрани трофејот .

Во составот на Леонардо се очекува да има место и за македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој одигра одличен натпревар против Бреша но не успеа да се запише во листата на стрелци.


Дали ќе го “штрапни“Баерн Минхен, Самуел Ето.

Мх.П.