Италијанскиот калчолигаш Интер на Реал Мадрид во дербито од третата рунда во Лигата на Шампиони ќе му се спротистави без најдобриот играч и стрелец, Ромелу Лукаку. Белгиецот го пропушти мечот со Парма во Серија А, а лекарскиот тим на „нероазурите“ нема да успее да го оспособи за настап на дерби средбата во Мадрид.
Отсуството на Лукаку не може, а да не влијае врз нашиот тим. Не успеал да постигне гол на само два меча од почетокот на сезоната. Притув Парма шутиравме 25 пати и не успеавме да победиме. – изјави тренерот на Интер, Антонио Конте.
Мадридски Реал и миланскиот Интер во меѓусебната пресметката ќе ја бркаат првата победа во новата сезона во ЛШ. „Кралевите“ имаа пораз и реми после два одиграни мечеви, а Интер има две нерешени средби.
Натпреварот во Мадрид се игра утре, со почеток во 21 часот.
OhridNews