Победата во Скопје против Вардар на унгарскиот гигант Веспрем му донесе значајни бодови во трката за втората позиција на табелата и индивидуални признанија во изборот на најдобрите на ЕХФ кои се како шлагот на тортата.

Најефикасниот ракометар на Веспрем, Мате Лекаи кој ја водеше екипата се закити со играч на колото на средната бековска позиција, додека голманот Роланд Миклер имаше една своја одбрана во ТОП 5 кои ЕХФ ги издвои.

(Не)очекувано, „црвено црните“ немаа свој преставник во поделбата на индивидуалните признанија, но ЕХФ со специјален видео прилог го пофали голманот Милосављев за неговите магични прсти. Чуварот на мрежата во текот на натпреварот со Веспрем со врвот на прстите успеа да одбрани удар од седум метри.

Изборот на најдобрите пет голови можете да го погледнете тука, одбрани тука, а прилогот за голманот на Вардар тука.

Идеалниот тим:

Лево крило: Хампус Ване (Фленсбург)

Лев бек: Александер Шкурински (Брест Мешков)

Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)

Десен бек: Бранко Вујовиќ (Целје)

Десно крило: Марио Соштариќ (Пик Сегед)

Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

OhridNews