Составот на Лион освои бод во дуелот со Лајпциг на домашен терен ремизирајќи 2-2, но и тој беше доволен за пласман во нокаут фазата од Лигата на Шампиони. Прославата на успехот доби сосема друг правец, откако еден симпатизер изваде транспарент со кој директно нападна фудбалерот Марсело. На транспарантетот имаше магаре и пишуваше „оди си“.

Херојот на Лион во ремито со Лајпциг, Мемфис Депај се стрча кон симпатизерот кој беше на теренот и физички го нападна. Редарите и фудбалерите спречија поголем инцидент влетувајќи на теренот.

Фудбалерите и навивачите на Лион не се во најдобри односи и веќе подолго време после натпреварот не се поздравуваат.

Лион како второпласиран на табелата обезбеди пласман во елиминациската фаза и од првиот шешир ќе го чека противникот во 1/8 финалето.

OhridNews