Македонскиот интернационалец Агим Ибраими со тимот на Марибор обезбеди пласман во третата рунда од квалификациите за Лигата на шампиони , откако со севкупни 6-2 го елиминираше Железничар.
Ибраими стрелаше прецизно во 20 минута, но победата во Сараево, падна во сенка на повредата на напаѓачот којј настрада по стартот на Семир Керла во финишот на првиот дел.
По дополнителните медицински тестови ќе се утврдува тежината на повредата, а мала е веројатноста тој да се најде во тимот кој во 4 коло ќе игра против луксембуршкиот првак Дудленеж кој сензационално го елиминираше Салцбург.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com