Хрватската јавност и тамошните медиуми му се налутија на македонскиот првак Вардар кој побарал многу големи финансиски средства за откупување на авторските права за пренос во живо од мечот меѓу Вардар и Динамо на „Филип Втори“ во рамките од квалификациите во Лигата на Шампиони.
Виновник за непостиганиот на договор за емитување во живо хрватите го посочија сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.
– Така е кога сопственикот е ексцентричен Русин. Самсоненко го купи Вардар пред повеќе од две години за 81 илјада евра, со обврска секоја година да вложува во клубот по милион и пол евра. Сега тој да дојде да бара голема сума на пари за денешниот пренос. Не дознавме колку ама нашите извори велат дека сумата е од они болните, која неможе да плати ниту една хрватска телевизија. – пишуваат хрватските медиуми.
Натпреварот на „градски“ се игра вечерва со почеток во 20:45, а „црвено црните“ најавуваат борба да последен здив за поволен резултат.
OhridNews