Македонскиот шампион Металург претрпе два порази во двата натпревари одиграни во Лигата на Шампиони, а гостување во Загреб доаѓа во најлош момент за пулените на Лино Червар.
Двата порази на „металурзите“ ги охрабри ракометарите на Загреб кои најавуваат црно сценарио за македонскиот првак во „Арена“.
– Кога правевме калкулации пред почетокот на сезоната Металург го пречекувавме со два или четири бодови. Ситуацијата е спротивна и ние сме тие со два бодови, а тие се без бодови. Психолошката предност е наша страна бидејќи тие веќе немаат право на грешка по двата порази – велат од хрватскиот првак.
Загреб по два одиграни натпревари има една победа и еден пораз додека Металург со два порази е на последното место во групата.
Ohridnews