Со мечевите од групите А, Б,  Ц и Д ќе се комплетира петтата воедно и претпоследна рунда во групната фазата во Лигата на Шампиони. Во четирите групи ситуацијата е деликатна, но најмногу се издвојува Ц  во која се наоѓаат Ливерпул, Наполи, Пари Сент Жермен и Црвена Ѕвезда и сите имаат шанса за пласман понатаму.

Дербито на вечерта се игра во Парис. „Светците“ во меч кој мораат да го добијат го пречекуваат англискиот премиерлигаш Ливерпул.  ПСЖ во случај ако изгуби од Ливерпул и Наполи ја совлада Црвена Ѕвезда ќе се збогува со нокаут фазата и амбициите за поголем успех. Французите на мегдан со Ливерпул ќе истрчаат со најјакиот состав, откако од повредите се опоравија Бразилецот Нејмар и Килијан Мбапе. „Црвените“ немаа проблеми со повреди и Јирген Клоп на располагање ги има сите фудбалери.

Во вториот меч од групата Х, Наполи пред своите гледачи ќе се судри со Црвена Ѕвезда. „Црвено белите“ во првиот меч извлекоа бод пред своите гледачи, а „азурите“ сигурно посакуваат расчистување на сметките, бидејќи тој кикс може скапо да ги чини.

Неизвесност во групата А има околу првата позиција. Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид со идентичен скор на бодови ги започнуваат двете финални рунди во ЛШ. „Милионерите“ на домашен терен ќе се сретнат со Клуб Бриж, додека шпанците против Монако. Во групата Б, Тотенхем на дуелот со Интер ќе го фаќа последниот воз за нокаут фазата. Се` освен победа на Тотенхем не му одговара, а бод на „нероазурите“ им носи европска пролет.

На стадионот „Драгао“, Порто и Шалке силите ќе ги одмерат во „еден два“ дербито во групата Д. Португалците имаа два бодови предност и домашен терен, додека Шалке во Лигата на Шампиони игра многу подобро за разлика од националното првенство. Во преостанатиот меч силите ќе ги одмерат Локомотив Москва – Галатасарај.

Два мечеви ќе започна во 18 часот и 55 минути, а останатите шест ќе се одиграат во 21 часот.

Двојки:

Група А: Атлетико Мадрид – Монако (18:55ч), Борусија Дортмунд – Клуб Бриж (21ч)

Табела: Борусија Дортмунд 9, Атлетико Мадрид 9, Клуб Бриж 4, Монако 1

 

Група Б: ПСВ – Барселона (21ч), Тотенхем – Интер (21ч)

Табела: Барселона 10, Интер 7, Тотенхем 4, ПСВ 1

 

Група Ц: ПСЖ – Ливерпул (21ч), Наполи – Црвена Ѕвезда (21ч)

Табела: Ливерпул 6, Наполи 6, ПСЖ 5, Црвена Ѕвезда 4

 

Група Д: Локомотив Москва – Галатасарај (18:55ч), Порто – Шалке (21ч)

Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив Москва 0

OhridNews