Фудбалерите на Манчестер Сити остварија голем триумф во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони совладувајќи го Реал Мадрид со 1-2 (0-0) на Сантијаго Бернбау во Мадрид. Лидерот во Серија А Јувентус, пак, на гостување кај Лион претрпе минимален пораз 1-0 и на домашен терен ќе мора да победи со два голови разлика за пласман понатаму.
Избраниците на Пеп Гвардиола со два погодоци за пет минути го матираа најтрофејниот клуб во европските натпреварувања. „Граѓаните“ имаа повеќе од играта и шансите, но домашниот состав беше тој што погоди прв и го отвори резултатот. Шпанецот Иско ја затресе мрежата на Манчестер Сити за 1-0. Трпеливата игра на англичани вроди со плод во 78-та минута кога Габриел Жесус изедначи на 1-1. Во 83-та минута, Карвахал стартуваше над Стерлинг, а италијанскиот судиј Орсато без размислување покажа на белата точка. Сигурен егзекутор беше Кевин Де Брујне. Да бидат главоболките поголеми за Зинедин Зидан се погрижи Серхио Рамос, кој во финишот доби директен црвен картон после стартот над Жесус.
Погодокот на Лукас Тусарт му донесе голем триумф на Лион во средбата со Јувентус во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. „Старата дама“, комплетно потфрли на гостувањето во Франција и не успеа ниту еднаш да се закани кон голот на домаќините. Лион одигра маестрално во одбрана, а еден погодок беше доволен за победа.
Со вечерашните два мечеви се комплетираше првата фаза од осминафиналето. Реваншите почнуваат да се играат на 18 март.
OhridNews