Екипите на Манчестер Сити и Лион се нови патници во четвртртфиналната завршницата во Лигата на Шампиони. Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити го елиминираше Реал Мадрид додека Лион го помина составот на Јувентус.
Манчестер Сити забележа нов триумф од 2-1 против Реал Мадрид и со вкупни 4-2 се пласираше во топ 8. Резултатот на „Етихад“ го отвори Стерлинг во 9-та минута од натпреварот. „Кралевите“ се созедоа и во 28-та минута изедначија преку Карим Бензема. Избраниците на Пеп Гвардиола во 68-та минута го вратија водството со голот на Габриел Жесус и мисијата на Реал Мадрид ја направија невозможна. После трите титули во серија, Реал Мадрид втора сезона по ред отпаѓа во 1/8 финалето. Минатата сезона кобе за Реал Мадрид беше тимот на Ајакс.
Јувентус ја оствари обврската но не целосно за прогрес помеѓу осумте најдобри во ЛШ. „Старата дама“ на домашен терен триумфираше со 2-1, но Лион поради минималната победа (1-0) на домашен терен и голот во Торино обезбеди пласман во 1/4 финалето. Французите големиот успех го најавија со водечкиот погодок на Мемфис Депај. Холанѓанецот погоди од белата точка. Јувентус предводен од Кристијано Роналдо го сврте резултатот (2-1), но не успеа да постигне уште еден погодок кој ќе значеше четвртфинален билет.
Манчестер Сити на завршниот турнир во ЛШ силите ќе ги одмери токму со Лион, додека четвртфиналните двојки ќе се комплетираа од утрешните натпревари Барселона-Наполи односно Баерн Минхен – Челси.
Резултати:
Манчестер Сити – Реал Мадрид 2-1 (2-1)
Јувентус – Лион 2-1 (0-1)
*Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews