Натпреварите во Е, Ф, Г и Х групите во втората рунда ќе понудат неколку интересни и возбудливи пресметки иако на програмата нема вистинско дерби.

Во фокусот ќе бидат двете екипи од Манчестер. „Црвените ѓаволи“ во Лигата на Шампиони го гледаат спасот за очајниот почеток во Премиер лигата, додека „граѓаните“ неочекувано со пораз од Лион на домашен терен ја започнаа аванурата во европското натпреварување.

Притисокот на плеќите од Жозе Мурињо се зголемува од меч во меч, а кикс на Олд Трафорд на „специјалниот“ можеби скапо ќе го чини. Пулените на Пеп Гвардиола на гостувањето кај Хофенхајм мораат да атакуваат на трите бодови за да го остварат планот и да завршат на првата позиција во групата.

Во првиот термин 18 часот и 55 минути на терените ширум Европа ќе истрчаат екипите на Хофенхајм – Мен Сити односо Јувентус – Јанг Бојс. Другите шест натпревари се закажани во 21 часот.

Двојки: 

Група Е: АЕК – Бенфика, Баерн Минхен – Ајакс

Табела: Ајакс 3, Баерн Минхен 3, Бенфика 0, АЕК 0

 

Група Ф: Хофенхајм – Мен Сити (18:55ч), Лион – Шахјтор

Табела: Лион 3, Хофенхајм 1, Шахјтор 1, Мен Сити 0

 

Група Г: ЦСКА Москва – Реал Мадрид, Рома – Викторија Плзен

Табела: Реал Мадрид 3, ЦСКА Москва 1, Викторија Плзен 1, Рома 0

 

Група Х: Јувентус – Јанг Бојс (18:55ч), Мен Ју – Валенсија

Табела: Мен Ју 3, Јувентус 3, Валенсија 0, Јанг Бојс 0

OhridNews