Остануваат уште две места во полуфиналето, а за нив, вечерва, ќе се борат четири екипи. Една од битките ќе се води на Етихад во Манчестер, а другата на Драгао стадионот во Порто.

Екипата на Манчестер Сити пред своите гледачи нема избор и мора да атакува на победа против Тотенхем во реваншот од 1/4 финалето. „Граѓаните“ претрпеа минимален пораз (1-0) во првиот меч и за пласман понатаму потребна им е победа од два погодоци разлика.

Лидерот на табелата во англиската Премиер лига, Ливерпул се` има во свои раце во пресрет реваншот со Порто. „Црвените“ победија на Енфилд со 2-0, а ако сакаат влез во ТОП 4 треба и мора да го задржат водството.

Подобриот од дуелот Манчестер Сити – Тотенхем на мегдан ќе оди со Ајакс, додека подобриот од дуелот Порто – Ливерпул силите во 1/2 финалето ќе ги одмери со Барселона.

OhridNews