Бранителот на титулата Баерн Минхен, најтрофејниот клуб Реал Мадрид, италијанскиот калчолигаш Интер и англискиот премиерлигаш Манчестер Сити бодови во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони ќе бркаат на гостински терен.
„Баварците“ ќе се сретнат со Локомотив Москва, Реал Мадрид гостува кај Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид, „нероазурите“ ќе ги одмерат силите со Шахјтор Доњецк, а „граѓаните“ ќе се судрат со Олимпик Марсеј.
Дуелите помеѓу Локомотив Москва – Баерн Минхен и Шахтјор Доњецк – Интер ќе започнат во 18:55 часот и ќе ја отворат програмата од втората рунда.
Двојки:
Група А: Локомотив Москва – Баерн Минхен (18:55ч), Атлетико Мадрид – Салзбург (21ч)
Табела: Баерн Минхен 3, Локомотив Москва 1, Салзбург 1, Атлетико Мадрид 0
Група Б: Шахтјор Доњецк – Интер (18:55ч), Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид (21ч)
Табела: Шахјтор Доњецк 3, Борусија Менхенгладбах 1, Интер 1, Реал Мадрид 0
Група Ц: Порто – Олимпијакос (21ч), Олимпик Марсеј – Манчестер Сити (21ч)
Табела: Манчестер Сити 3, Олимпијакос 3, Порто 0, Олимпик Марсеј 0
Група Д: Аталанта – Ајакс (21ч), Ливерпул – Митјиланд (21ч)
Табела: Аталанта 3, Ливерпул 3, Митјиланд 0, Ајакс 0
OhridNews