Последниот збор за настапот на хрватскиот интернационалец Блаженко Лацковиќ на дуелот со Цеље во Лигата на Шампиони ќе го има тренерот на „црвено црните“ Раул Гонзалез Гутиерез.
Лацковиќ, кој е едно од новите засилувања паузираше околу три недели без проблем ги одработил последните тренинзи пред заминувањето за Словенија.
– Добро се чувствувам, цела недела тренирам без проблем. Мислам дека сум подготвен за да играм, но сé зависи од тоа што ќе каже тренерот – истакна Лацковиќ.
Без разлика дали тој ќе настапи или не неговата екипа во Словенија ќе атакува на двата бодови кои се од големо значење во групната фаза од ЛШ.
Мх.П.