Супер вести стигнуваат од таборот на Вардар на две недели пред завршниот турнир во Лигата на Шампиони. Стратегот на „црвено црните“ Гарсија Парондо потврди дека Кристијан Дисингер почнал да тренира и комплетно ја санирал повредата на раката.

 

Германскиот ракометар се повреди во финалниот дуел со Загреб во СЕХА лигата. Тој сам одлучи да почека и да не направи операција и веројатно нема да погреши, бидејќи ќе биде дел од фајнлфор турнирот во ЛШ.

  • Мислам дека Дисингер ќе заигра во Келн. Тој започна да тренира со остаокот од екипата и знаејќи ја неговата желба, големи се шансите дека ќе го имаме на располагање за полуфиналето со Барселона. – изјави тренерот на Вардар.

Во полуфиналето од Ф4 турнирот Вардар силите ќе ги одмери со Барселона. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Веспрем – Киелце.

OhridNews