Францускиот напаѓач Оливие Жиру ги одбележа вечерашните натпревари во Лигата на Шампиони, постигнувајќи ги четири погодоци во триумфот на Челси над Севиља (4-0) во дерби средбата од Е групата.

Жиру, гол шоуто го започна во осмата минута кога мрежата ја погоди после асистенција на Каи Хаверц. Во 54-та минута, Жиру втор пат беше прецизен, овој пат по асистенција на Матео Ковачиќ. Дваесеттина минути подоцна Жиру повторно се запиша во листата стрелци. Асистент беше Нголо Канте. „Покерот“ голови, францускиот го комплетираше во 83-та минута со погодок од белата точка.

Пари Сент Жермен му се реваншираше на Манчестер Јунајтед за поразот од почетокот од групната фаза, славејќи со 3-1 на Олд Трафорд. Мечот во Манчестер се скрши на средината од вториот дел. ПСЖ преку Маркињос поведе со 2-1, а нецела минута подоцна Фред доби втор жолт картон и домаќините останаа со фудбалер помалку. Пред финишот Нејмар стави печат на победа. Во првото полувреме за ПСЖ погоди Нејмар, а за Јунајтед прецизен беше Рашфорд.

  • Резултати:

Група Е: Краснодар – Рен 1-0, Севиља – Челси 0-4

Табела: Челси 13, Севиља 10, Краснодар 4, Рен 1

 

Група Ф: Борусија Дортмунд – Лацио 1-1, Клуб Бриж – Зенит 3-0

Табела: Борусија Дортмунд 10, Лацио 9, Клуб Бриж 7, Зенит 1

 

Група Г: Ференцварош – Барселона 0-3, Јувентус – Динамо Киев 3-0

Табела: Барселона 15, Јувентус 12, Динамо Киев 1, Ференцварош 1

 

Група Х: Башакшехир – Лајпциг 3-4, Манчестер Јунајтед – ПСЖ 1-3

Табела: Манчестер Јунајтед 9, ПСЖ 9, Лајпциг 9, Башакшехир 3

OhridNews