Во среда ќе се одиграат натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х, со кое ќе биде комплетирано четвртото коло, во Лигата на шампиони.


Барселона, Манчестер Јунајтед и Шахтјор се наоѓаат во позиција уште по оваа рунда да обебезбедат пласман во нокаут фазата.

Каталонците ќе гостуваат кај Селтик, екипа која со многу среќа ја совладаа пред две недели. Манчестер Јунајтед патува во Брага, кај противник против кого пред 14 дена на ‘Олд Трафорд’ мораше да надомести негатива од два гола. Најтешка задача ќе има Шахтјор, кој ќе му гостува на актуелниот европски првак Челзи. Украинскиот шампион пред две недели забележа победа со 2:1.

Великаните на европскиот фудбал Баерн Минхен и Јувентус се апсолутни фаворити во дуелите против Лил односно Нордсјеланд, во слична позиција се наоѓа и Валенсија против БАТЕ Борисов.

Потполно отворени ќе бидат натпреварите Клуж-Галатасарај и Бенфика-Спартак Москва.

Група Е:
Челзи-Шахтјор
Јувентус-Нордсјеланд
Табела: Шахтјор 7, Челзи 4, Јувентус 3, Нордсјеланд 1

Група Ф:
Баерн-Лил
Валенсија-БАТЕ Борисов
Табела: БАТЕ, Валенсија, Баерн 6, Лил 0

Група Г:
Бенфика-Спартак Москва
Селтик-Барселона
Табела: Барселона 9, Селтик 4, Спартак 3, Бенфика 1

Група Х:
Брага-Манчестер Јунајтед
Клуж-Галатасарај
Табела: Манчестер Ј. 9, Клуж 4, Брага 3, Галатасарај 1.