Само десет секунди го делеа Вардар од пласман меѓу најдобрите четири на стариот континент и остварување на најголемиот успех во машкиот македонски ракомет.

Во двомечот со германскиот бундеслигаш „црвено црните“ беа рамо до рамо со Флензбург, а не ситници него правилото „гол во гости“ одлучи за нивната судбина.

Правилото за среќата вели дека ги прати храбрите, а храбро одиграа двете екипи. Ракометарите на Флензбург не се уплашија од „црвено црната“ армија навивачи и атмосфера каква што може се осети во „Борис Трајковски“.

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутириез одиграа полувреме кое слободно може да послужи за пример како треба да се игра со срце за боите на клубот.

На крајот пресуди искуството на гостите кои го имаат апсорбирано во повеќе вакви натпревари со трилер завршници и нажалост токму тие беа виновници што небото над Македонија не беше обоено во „црвено црната“ боја.

Мх.П.