Македонскиот ракометен првак Металург со пораз 27-22 (11-11) од францускиот гигант Пари Сент Жермен ги започна натпреварите од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Иако гостите од Франција забележаа навидум лесна победа, сепак „в рака“го имаа резултатот во текот на целиот натпревар.

Ракометарите на Металург во повеќе наврати успеваа да се вратат во игра, но немаа сила да го покорат противникот.

Со победата во Скопје „црвено белите“ не им дозволија на пулените на хрватскиот стратег Лино Червар да го повторат ланскиот успех кога го совладаа најскапиот состав во ракометниот свет во „Борис Трајковски“.

 

Мх.П.