Екипата на Флензбург го сруши сонот на македонскиот првак Вардар за пласман во фајнлфорот во Лигата на Шампиони.
На реваншт натпреварот во преполната арена „Борис Трајковски“, Вардар го совлада Флензбург со 27-25, а германците на завршниот турнир во Келн патуваат благодарение на правилото „гол во гости“ откако првиот меч го добија со 24-22.
Херој на составот на Флензбург е искусниот дански ракометар Егерт, кој ладнокрвно го реализираше ударот од седум метри на десет секунди од крајот на натпреварот.
По неуспехот за пласман на Ф4 тагата беше видлива кај ракометарите на Вардар кои заслужуваат само пофални зборови за нивната игра сезонава во ЛШ.
Мх.П.