Полуфиналната програма во Лигата на Шампиони продолжува вечерва со дуелот помеѓу Барселона и Ливерпул на Ноу Камп. Со оглед на историјата и квалитетот на двете екипи овој двомеч го доби епитетот финале пред финалето во ЛШ.

На каталонците им оди против англиските екипи. Најдобро на своја кожа го осети Манчестер Јунајтед, а Барселона во името на Ливерпул има нов англиски предизвик.

  • Ливерпул е страшен ривал на многу начини. Се бори за титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити и со нас за пласман во финалето, што значи дека покрај квалитет поседуваат ментална стабилност која е неопходна во финишот од сезоната. Ливерпул е компактна екипа. Напаѓачите се убоити, а одбраната со помош од средината маестрално ја извршува својата работа. Не очекува добар меч и се надевам дека ќе се избориме позитивен резултат. – изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Германскиот стручњак Јирген Клоп истакна дека сака пласман во финалето и нова шанса за освојување на титулата во ЛШ. Минатата сезона, Ливерпул изгуби од Реал Мадрид во финалето во кое трагичар беше Лорис Кариус.

  • Не е Барселона само Меси. Не можеме да сконцентрираме само него, бидејќи во тимот има уште 10 топ играчи кои можат да направат разлика. Домашниот терен ќе биде нивна предност како инас во реваншот. Ќе видиме кој подобро ќе го искористи. – потенцираше Клоп.

Синоќа, Ајакс направи голем исчекор кон финалето победувајќи го Тотенхем во Лондон со 1-0 во првиот меч од втората полуфинална двојка во ЛШ.

OhridNews