Македонскиот репрезентативец и член на Металург, Филип Талески и десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев се најдоа меѓу седумте ракометари кои ја одбележаа премиерната рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Талески, со 13 погодоци од вкупно 18 на Металург беше прва пушка на екипата, а го постигна и победничкиот погодок во последните мигови од мечот со Елверум.
Шпанецот во редовите на Вардар, Душебаев со седум голови го предводеше својот тим до триумф на гостувањето кај Кристијанштад.
Традиоционално, ЕХФ покрај најдобрите седум играчи во колот одбира најдобри пет голови и најдобри пет одбрани кои можете да ги погледнете тука и тука.
Лево крило: Уве Геншајмер (ПСЖ)
Лев бек: Филип Талески (Металург)
Среден бек: Кентин Махе (Флензбург)
Десен бек: Алекс Душабајев (Вардар)
Десно крило: Каспер Емил Килделунд (Холстебро)
Пикер: Толка Узбахар (Бешикташ)
Голман: Филип Ивиќ (Киелце)
Фото: Рк.Металург
OhridNews