После Црвена Ѕвезда и екипата на Динамо Загреб во третата квалификациска рунда ги заврши мечевите во Лигата на Шампиони. Непреминлива пречка за „модрите“ беше Ференцварош кој на домашен терен славеше со 2-1.

Хрватскиот клуб негатива имаше после две минути игра. Домаќините поведоа со гол од белата точка. Фудбалерите на Динамо Загреб во 23-та минута изедначија на 1-1. На средината од второто полувреме составот на Ференцварош поведе уште еднаш. Водството го задржа до крајот и обезбеди пласман во плејофот.

Резултати:

Омонија – Црвена Ѕвезда 1-1 (4-2 пенали)

Ференцварош – Динамо Загреб 2-1

Макаби Тел Авив – Динамо Брест 1-0

Карабах – Молде 0-0 (5-6 пенали)

Митјилананд – Јанг Бојс 3-0

OhridNews

ЛШ: Омонија ја елиминираше Црвена Ѕвезда (видео)