Српскиот првак Црвена Ѕвезда го забележа првиот триумф во фазата по групи во Лигата на Шшампиони совладувајќи го грчкиот претставник Олимпијакос со 3-1 на „Рајко Митиќ“ стадионот, додека европскиот вицепрвак Тотенхем доживеа тежок пораз во Лондон од Баерн Минхен кој славеше со 7-2.
Првотото полувреме од средбата во Белград им припадна на гостите кои успеаја погодок да постигнат преку Рубен Семедо за минимално водство. Грците контролата на теренот ја загубија во 58-та минута кога Јасин Бенција доби втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот. Домаќините бројчаната предност ја искористија во 63-та минута изедначувајќи на 1-1. Стрелец на голот беше Милош Вулиќ. Црвена Ѕвезда победата и трите бодови ги обезбеди во завршните три минути со идентични два погодоци. Немања Милуновиќ највисоко скокна после нафрлувањето од корнер и погоди за ерупција на стадионот во Белград. Две минути подоцна Боачи одново скокна највисоко скокна и реализираше за кулминација на лудилото.
„Баварците“ го понижија Тотенхем среден Лондон совладувајќи го со 7-2. Да биде иронијата поголема, „петлите“ поведоа со 1-0 а после на теренот постоеше само Баерн Минхен. Резултатот го отвори Хонг Мин Сон а потоа германците реализираа четири голови. Хари Кејн намали на 4-2 а Баерн Минхен возврати со нови три голови за убедлива победа.
Резултати:
Група А: Реал Мадрид – Клуб Бриж 2-2, Галатасарај – ПСЖ 0-1
Табела: ПСЖ 6, Клуб Бриж 2, Реал Мадрид 1, Галатасарај 1
Група Б: Црвена Ѕвезда – Олимпијакос 3-1, Тотенхем – Баерн Минхен 2-7
Табела: Баерн Минхен 6, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1
Група Ц: Аталанта – Шахјтор Доњецк 1-2, Манчестер Сити – Динамо Загреб 2-0
Табела: Манчестер Сити 6, Динамо Загреб 3, Шахјтор Доњецк 3, Аталанта 0
Група Д: Јувентус – Баер Леверкузен 3-0, Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 0-2
Табела: Атлетико 4, Јувентус 4, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0
OhridNews