Еурофарм Работник и после три одиграни мечеви во Лигата на Шампиони останува без победа. Со празни раце, ракометарите на Стефче Алушовски се враќаат од гостување во Португалија каде претрпеа пораз од Бидасоа Ирун со 26-25 (11-14).
„Фармацевтите“, одиграа фантастично полувреме и стекнаа предност од три погодоци (14-11). На стартот од вториот дел со два погодоција стигнаа до највисоки +5 (16-11). Но тогаш како и на претходните мечеви следуваше пад во играта и губење на предноста. Португалците изедначијна 20-20 а брзо поведоа и со 3 погодоци (23-20). Битолчани се поправија во финишот но стигнаа само да го ублажат поразот 26-25.
Владислав Остроушко со девет погодоци беше најефикасен во тимот на Еурофарм Работник, а репрезентативниот голман Никола Митрески имаше 13 успешни интервенции.
OhridNews