Со вечерашните натпревари помеѓу Ливерпул – Баерн Минхен односно Лион – Барселона ќе продолжат осминафиналните дуели во Лигата на Шампиони. Мечевите започнуваат во 21 часот.
Легендарниот стадион Енфилд е адутот на „црвените“ оваа година во ЛШ. Избраниците на Јирген Клоп во фазата по групи забележаа три победи на исто толку мечеви на домашен терен, додека на гостинскиот терен беше вистински баук за англичаните. Ливерпул кој е лидер на табелата во Премиер лигата мора максимално да го искористи домашниот терен во спротивно ќе има многу тешка задача на Алијанц арената. „Баварците“ не се на потребното ниво сезонава, но никогаш не смее да се отпише германскиот гигант.
Водечката екипа во шпанската Ла лига, Барселона ќе биде изложена на сериозен француски тест. Екипата на Лион покажа дека не респектира никој победувајќи го Манчестер Сити на Етихад односно ПСЖ пред своите гледачи во француската Прва лига. Каталонците се фаворити, а во нивна полза оди и реваншот кој се игра на Ноу Камп.
Натпреварот на Енфлид ќе го суди италијанскиот арбитар Џанлука Роки, додека Турчинот Чунејт Чакир ќе биде главен во мечот помеѓу Лион – Барселона.
OhridNews