После одлуката за укинување на осминафиналните и четвртфиналните среби и играње на завршен турнир на крајот од оваа година (28/29 декември) во Лигата на Шампиони, ЕХФ донесе нови мерки и правила.
Најважна одлука за Ф4 турнирот е околу играчите и екипите. Четирите клубови (Барселона, Веспрем, Кил и Пари Сент Жермен) на Ф4 турнирот ќе играат со тековниот ростер. Во превод. За ПСЖ право на настап ќе има Даинис Кристопанс, за тимот на Веспрем ќе настапи Данил Шишкарев и ред други трансфери кои се договорени или ќе се случат.
Највисокото тело во ЕХФ, одлучи еднократна помош за елиминирати осминафиналисти, помеѓу кои беше и актуелниот шампион Вардар. „Црвено црните“ и преостанатите девет екипи ќе добијат по 25 000 евра.
ЕХФ официјализираше промени на репрезентативен план. На пошориокиот список место 28 ракометари ќе се наоѓаат 35, од кој селекторот ќе може да ги одбере финалните 18, а не како до сега само 16 ракометари.
OhridNews