По сите комлетирани натпревари од 10-та рунда во Лигата на Шампиони официјалната интернет страница на ЕХФ го објави тимот на колото, а таму нема место за ракометарите на Металург кои им одржааа лекција на Барселона.
Каталонците се едни од главните фаворити за освојување на титулата во Лигата на Шампиони сезонава. Овој факт се потврдува со тоа дека пулените на Чави Пасквал прв пат горчината на поразот го осетија во Скопје, а ЕХФ остана „слепа“ на овие факти и не сврсти ниту еден ракометар во најдобрите седум.
Тимот на колото : Иван Нинчевиќ – Динамо Минск (лево крило), Филип Стелмалм – Халмштад (лев бек), Александар Туменцев – Натурхаус ла Риоха (среден бек), Кристијан Зејтц – Кил (десен бек), Стефан Шродер – Хамбург (десно крило), Џаспер Нодесбо – Барселона (пикер) и Патрис Аноне – Пари Сен Жермен (голман).
Скратениот хајлајтс од тимот на колото можете да го погледнете тука.
Мх.П.