Вечерва, во стандардниот термин 21 часот, продолжуваат реванш натпревари во рамките од осминафиналето во Лигата на Шампиони. На програмата се средбите Ливерпул – Лајпциг односно Пари Сент Жермен – Барселона.
„Црвените“ од Ливерпул на неутрален терен во Букурешт во средбата со Лајпциг имаат задача и обврска да ја задржат предноста 2-0 од првиот натпревар. Ливерпул одамна отпадна од трката за титулата во Англија и куповите, затоа најелитното клупско натпреварување е единствена шанса за некој поголем успех сезонава. Лајпциг, пак, од друга страна нема што да загуби, затоа што и пред мечот беше аутсајдер во натпреварот со Ливерпул.
Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп не ќе може да смета на Хендерсон, Матип, Ван Дијк и Гомез, а под знак прашалник се Фирмино и Кабак. Во составот на Лајпциг ќе недостасуваат Лајмер и Шобоцлаи, а неизвесни се Анхелињо и Орбан.
Францускиот дрим тим Пари Сент Жермен на „Ноу Камп“ обезбеди капитална предност победувајќи со 4-1, но сето тоа треба да го потврди на „Паркот на Принцовите“ за пласман во топ 8 во ЛШ.
„Светците“ се далеку поквалитетни и поискусни од 2016 година кога Барселона на домашен терен славеше со 6-1, надополнувајќи ја негативата 4-0 од првиот натпревар. ПСЖ, овој пат е фаворит и речиси никој да не верува во кам бек на Барселона. Но никако не смее да се исклучи фактот, што за Барселона се уште игра Лионел Меси.
Здравствениот билтен во ПСЖ не е добар. Отсуствуваат Нејмар, Кин и Бернард. Кај Барселона исто така е полн бележниккот со повредени фудбалери. На листата се Пике, Фати, Кутињо и Серхио Роберто. Неизвесен е Арају.
- Двојки:
Ливерпул – Лајпциг (2-0)
ПСЖ – Барселона (4-1)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews