Манчестер Јунајтед нема намера лесно да се откаже во битка за пласман во ТОП 4 кој гарантира учество во Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ својата решителност ја покажаа со убедливиот триумф 3-0 (2-0) на гостувањето кај Брајтон.
Гостите од Олд Трафорд победата ја најавија со голот на Мејсон Гринвуд во 16-та минута од мечот. После десеттина минути Брун Фернандес со помош на домашната одбрана зголеми на 2-0. Печат на победа стави Фернандеш со вториот погодок на мечот.
Возбудувањата во ПЛ, продолжуваат утре (среда) со мечевите Бурнмаут – Њукасл, Арсенал – Норвич, Евертон – Лестер, Вест Хем – Челси.
OhridNews