По апатичното реми на Олимпик Марсеј и Манчестер Јунајтед на Велодром, визата за пласман во 1/4 финалето ќе се “чекира“ на Олд Трафорд.


Се очекува да распука во Лигата на Шампиони, Бербатов.

Сер Алекс Фергусон со триумф над Марсеј ќе стигне до 100-та победа во Лигата на Шампиони а воедно “црвените ѓаволи“ би обезбедиле пласман во понатамошната фаза. Во составот на “бебињата“ се враќаат Валенсија, Карик додека и Нани е на добар пат да настапи вечерва.


Олимпик Марсеј на “театарот на соништата“ ќе брка пласман во 1/4 финалето по 1993 година кога последен пат се радуваа на трофејот во Лигата на Шампиони. Избраниците на Дидиер Дешамп ја остварија најубедливата победа на гостински терен оваа сезона совладувајќи ја Жилина со 7-0. Метју Валбуена и францускиот репрезентативец Жињак ќе бидат одговорни да ги пробијат дефанзивиците на “црвените ѓаволи“.

Мх.П.