Судирот помеѓу шпанскиот гигант Барселона и францускиот дрим тим Пари Сент Жермен е најинтересна двојка после ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
Ждрепката донесе две англиско-германски пресметки, кои иста така ќе донесат големо ривалство и возбуда. Во 1/8 финалето ќе се судрат Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити односно Лајпциг – Ливерпул. Третиот англиски претставник Челси за ривал го доби Атлетико Мадрид, а актуелниот првак Баерн Минхен силите ќе ги одмери со Лацио.
Првите осминафиналните мечеви ќе се играат на 16, 17, 23 и 24 февруари, а реваншите 9, 10, 16 и 17 март. Четвртфиналните возбудувања се закажани 6-7 април односно 13-14 април. Полуфиналните пресметки ќе се одиграат 27-28 април односно 4-5 мај. Големото финале ќе се одигра на 29 мај на Олимпискиот стадион во Истанбул, Турција.
Ждрепката беше полудириграна. Не можеа да играат две екипи од исти земји и екипи кои беа заедно во фазата по групи.
- Двојки 1/8 финале:
Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити
Лацио – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Челси
Лајпциг – Ливерпул
Порто – Јувентус
Барселона – ПСЖ
Севиља – Борусија Дортмунд
Аталанта – Реал Мадрид
OhridNews